Свет Европа Партијата на Ле Пен води на изборите во Франција

Партијата на Ле Пен води на изборите во Франција

Националниот фронт, француската екстремна десница на политичарката Марин ле Пен, води во првиот круг од локалните избори, покажаа излезните анкети.

Ле Пен и нејзината внука Марион Марешал ле Пен на северот и на југоистокот на земјата освоиле повеќе од 40 отсто од гласовите. Ако информациите се потврдат, резултатите ќе претставуваат голем поттик за Ле Пен, која рече дека се надева дека нејзината антиимигрантска и антиевропска партија ќе победи во првиот круг на изборите.

Таквите резултати би можеле да бидат поттик и за понатамошната трка за претседателските избори во 2017 година. Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 13 декември.

Националниот фронт осигура 30,6 отсто од гласовите, покажа анкетата на „Ифоп-фидуциал“, освојувајќи повеќе гласови од конзервативната Републиканска партија на поранешниот претседател Никола Саркози и неговите сојузници. Републиканската партија добила 27 отсто од гласовите.

Како што се очекувало, владејачката Социјалистичка партија на актуелниот претседател Франсоа Оланд е трета со освоени 22,7 отсто од гласовите.