Свет Балкан Парламентарни избори во Грција: Гласачите бираат нови 300 пратеници

Парламентарни избори во Грција: Гласачите бираат нови 300 пратеници

Според проценките на Франс-прес, не се очекува една партија да освои повеќе од 50 отсто од гласовите за сама да формира влада

Photo by Matt Artz on Unsplash

Ослабен од скандалот со прислушувањето во кој се вклучени неколку јавни и политички личности, премиерот и лидер на „Неа демократија“ Киријакос Мицотакис се соочува со опозицијата во која доминира „Сириза“ на екс-премиерот Алексис Ципрас и ПАСОК на Никос Андролакис.

Право на глас имаат 9,8 милиони Грци кои ќе избираат пратеници во еднодомниот парламент, пренесе агенцијата АП, додавајќи дека старосната граница за гласање е намалена на 17 години.

Низ целата земја ќе има 22.000 избирачки места кои се отворени од 7:00 до 19:00 часот. Грчкото МВР процени дека до 22:00 часот треба да се пребројат околу 80 отсто од гласовите.

Според проценките на Франс-прес, не се очекува една партија да освои повеќе од 50 отсто од гласовите за сама да формира влада.

Мицотакис распиша парламентарни избори на 28 март, откако железничка несреќа предизвика пад на долгогодишната поддршка за неговата владејачка партија. Во судирот на два воза на 28 февруари загинаа 57 лица, што предизвика незадоволство и протести во јавноста.