Македонија Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно...

Паркинзите на ЈП „Градски паркинг“ во Скопје од утре со летно работно време

Фото: Архива на Мета.мк

Од утре, 01.06.2022 година, ЈП „Градски паркинг“ започнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А,Б,Ц и Д, информираат денеска од Град Скопје.

Паркирањето во зоните А,Б,Ц и Д ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 07:00 до 23:00 часот, односно подолго во споредба со зимското работно време кое се применуваше до денешниот ден.