Свет Европа Париз за Нова година без огномет

Париз за Нова година без огномет

Градските власти одлучија јавниот дочек на Новата година во Париз да биде организиран наспроти вонредната ситуација по неодамнешните терористички напади, но без спектакуларниот огномет.

Одлуката следува по повеќедневно разгледување на ситуацијата од страна на париската полиција и од министерството за внатрешни работи на Франција, поради вонредната ситуација која во земјата е прогласена по координираните терористички напади на неколку локации во Париз.