Свет Европа Париз: Евакуирани шест училишта поради дојава за бомби

Париз: Евакуирани шест училишта поради дојава за бомби

Шест престижни средни училишта во Париз се евакуирани откако телефонски било дојавено дека во нив се поставени бомби, соопшти француската полиција.

Училиштата утринава, во период од 10.20 до 11.20 часот, добиле речиси идентични позиви од анонимни лица, се наведува во полициското соопштение.

Учениците од училиштата „Шарлмањ“, „Фенелон“, „Монтањ“, „Анри IV “ и „Луј ле Гран“, кои се наоѓаат во луксузни квартови во францускиот главен град, префрлени се на безбедна локација, додека полицијата ги пребарувала зградите.

Досега е пронајден само еден сомнителен предмет, кој би можел да биде и само заборавена школска чанта, соопшти полицијата.