Свет Европа Папата на турнеја во Африка ќе пренесе порака за мир

Папата на турнеја во Африка ќе пренесе порака за мир

Папата Франциск в среда ќе почне повеќедневна турнеја по африканскиот континент, на која ќе пренесе порака за мир, социјална правда, како и за дијалог меѓу исламот и христијанството.

Папата од 25 до 30 ноември ќе ги посети Кенија, Најроби, Централноафриканската Република и ќе одржи 19 говори, но ќе сослуша и сведочења на деца, војници, жртви од СИДА и на жртви од војни и од сиромаштија.

Најочекуваниот настан ќе биде в недела, на 29 ноември, кога Франциск ќе ја отвори светата врата во катедралата во Банги, главниот град на Централноафриканската Република, десет дена пред да го прогласи почетокот на Светата година на милосрдието во Рим.

Шефот на ватиканската жандермерија, Доменико Џани, предупреди дека доколку има проблеми, би можело да дојде до промена во програмата во Централноафриканската Република, каде сè уште има насилство помеѓу христијаните и муслиманите по неодамнешната граѓанска војна.