Видео Папата ги замени гулабите на мирот со балони

Папата ги замени гулабите на мирот со балони

Ватикан вчера, како симбол на мир, наместо гулаби, пушти балони. Причината за тоа се „инцидентите“ со гулабите. За потсетување, другите птици, како што се гавраните и галебите, ги напаѓаа гулабите, а некои од нив се враќаа на прозорците на Базиликата „Свети Петар“ и не сакаа да одлетаат.

Традицијата пуштање гулаби ја воведе папата Јован Павле Втори, а вчера ја прекина папата Франциск.

– Еве балони кои претставуваат мир – рече вчера папата.