Македонија Папата Франциск на 7 мај во Скопје, на средби со Заев, Иванов...

Папата Франциск на 7 мај во Скопје, на средби со Заев, Иванов и верски лидери

Папата Франциск на 7 мај наутро ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со политички и верски лидери, објави канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан.

После официјалниот пречек, Папата Франциск ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор. За време на својот престој во земјава, Светиот Отец ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

„Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Северна Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади. Светиот Отец, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим“, се вели во соопштението.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски.