Свет Европа Папата Франциск: Фундаментализмот е болест на сите религии

Папата Франциск: Фундаментализмот е болест на сите религии

Папата Франциск по враќањето од тридневната турнеја низ африканскиот континент изјави дека фундаментализмот е болест на сите религии, вклучувајќи го и католичкото христијанство.

– Фундаментализмот е секогаш трагедија. Тој нема врска со верата, туку со идолопоклонството – изјави папата при враќањето во Рим од Централноафриканската република.

Поглаварот на Католичката црква во таа земја ги повика христијанските и муслиманските браќа и сестри да им стават крај на тамошните верски конфликти.

Папата, по враќањето во Рим, изјави дека исламот не е единствената вера што трпи штета од агресивните екстремисти, како тие кои се одговорни за нападот во Париз на 13 ноември што го изврши Исламска држава.

– И ние католиците имаме неколку, дури можам и да кажам многу фундаменталисти. Тие веруваат дека ја знаат апсолутната вистина и ги расипуваат добрите луѓе. Јас ова можам да го кажам затоа што тоа е моја црква – истакна папата.