Свет Европа Папата Франциск упати апел за прекин на војните во Газа и Украина

Папата Франциск упати апел за прекин на војните во Газа и Украина

„Мирот не се постигнува со оружје“, рече Папата во своето традиционално обраќање на Велигден во Ватикан

Foto: Evandro Inetti/ZUMA Press Wire/dpa

Папата Франциск во својата Велигденска порака денеска упати апел за прекин на војните во Газа и Украина. Тој повика на прекин на огнот во борбите меѓу Израел и Хамас во Газа, како и ослободување на сите заложници што ги држи Хамас.

„Мирот не се постигнува со оружје“, рече Папата во своето традиционално обраќање на Велигден во Ватикан.

Десетици илјади верници се собраа на плоштадот Свети Петар за да го слушнат папата Франциск како ја води велигденската неделна миса. Папата учествуваше во двочасовното бдение во Ватикан во саботата, но не се појави во поворката на Велики Петок.