Свет Европа Папата Франциск ја повика Унгарија да ги отвори границите за мигрантите

Папата Франциск ја повика Унгарија да ги отвори границите за мигрантите

Архивска фотографија од Папата Франциск| Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, Викимедија комонс

Папата Франциск, денеска, на последниот ден од тридневнта посета на Унгарија, ја повика земјата да ги отвори вратите за другитеи упати молба Европа да ги пречека мигрантите и сиромашните и да стави крај на руската војна во Украина. Папата денеска одржа миса во Будимпешта, на која присуствувале околу 50.000 луѓе, меѓу кои и нив беа и претседателот, Каталин Новак и десничарскиот премиер, Виктор Орбан.

Франциск изрази благодарност за неодамнешниот пречек на украинските бегалци во Унгарија, која 2015 и 2016 година изгради жичана ограда на границата со Србија за да ги спречи транзит на бегалци. Папата апелираше до Унгарија и до сите европски земји да ги пречекаат оние кои бегаат од војна, сиромаштија и климатски промени, повикувајќи на безбедни и легални коридори за миграција.