Македонија Папас: Договорот од Преспа беше измачен од лажни вести

Папас: Договорот од Преспа беше измачен од лажни вести

Лажните вести за Договорот од Преспа денеска беа тема на прес-конференцијата во Владата, на која министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас потпишаа Меморандум за разбирање, пишува „КриТинк“.

На конференцијата проследена и од голем број на грчки новинари, еден од нив праша, како двете Влади ќе се справат со лажните вести кои се однесуваат на Северна Македонија и Грција, имајќи предвид, како што рече, дека „нивните креатори доаѓаат од Велес“.

Двајцата министри беа согласни дека за Договорот од Преспа имало безброј лажни информации и дадоа свое видување, како овој проблем може да се реши.

Целиот текст прочитајте го на овој линк.