Македонија Пановски: Учебната година да започне со комбинирана настава, и онлајн и со...

Пановски: Учебната година да започне со комбинирана настава, и онлајн и со физичко присуство

Д-р Никола Пановски | Фото: Од гостувањето во отвореното студио на Тв 24 на 18. 03. 2020 г.

Ризик е да се започне учебната година со физичко присуство, бидејќи има многу луѓе кои не се вакцинирани, вели д-р Никола Пановски. Тој смета дека ако на едно дете му се случи нешто посериозно, тогаш ќе настане хаос бидејќи атмосферата е многу чувствителна. Според него, треба да се овозможи комбинирана настава со оглед на фактот што премногу ученици во едно одделение тешко можат да одржуваат дистанца и да ги почитуваат протоколите.

– Можеби требаше да се овозможи комбинирано да се учи, и со физичко присуство и оналјн. Работите ќе зависат од тоа каква е стратегијата, а очигледно, стратегија нема. Во Шведска имаа стратегија, децата ги пуштија на училиште да се инфицираат. Затоа не носеа маски и сепак немаа ниеден смртен случај, а тоа е држава со 10 милиони жители. Кога ќе се разболи детето таму, останува дома, а другите продолжуваат да си одат на училиште. Кај нас ќе биде хаос, едно дете ќе се разболи, па цел клас ќе биде во изолација – вели Пановски.

Според него, здравствените власти знаеле дека ни претстои попис, избори, учебна година, па затоа не требало да дозволат свадби и собири.

– Но, тоа е нашата реалност – додава Пановски.