Македонија ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

ВМРО-ДПМНЕ одржува панел-дебата „Видливи и реални проекти“ во МОБ

Панел-дебата на темата „Видливи и реални проекти“ организира ВМРО-ДПМНЕ во Македонска опера и балет. Настанот се одржува во рамките на тридневниот отчет на партијата за постигнувањата, проектите и за политиките.

На вечерашната дебата, меѓу другите, учествуваат и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заменик-министерот за образование и за наука, Спиро Ристовски, и директорот на Македонскиот културен центар, Златко Стевковски.

Спасов на дебатата истакна дека од 2006 година досега пензиите во Македонија се зголемени за повеќе од 70 проценти, а најниската пензија е зголемена за 90 проценти.

Ристовски рече дека во изминатите десет години во образовна инфраструктура се вложени околу 120 милиони евра и 71 процент од студентите што се запишуваат на факултет го  завршуваат високото образование.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, зборуваше за вложувањата во објектите каде што се негува културата и истакна дека од 2006 година до денес се вработени повеќе од 2.000 лица во областа на уметноста.