Свет Палестинците бараат израелската окупација да заврши до крајот на 2017 година

Палестинците бараат израелската окупација да заврши до крајот на 2017 година

Палестинците во Советот за безбедност на ОН поднеле нацрт-резолуција во која како последен рок за ставање крај на окупацијата на палестинските територии се наведува декември 2017 година.

Во текстот на резолуцијата, се наведува дека е потребно да се постигне „праведен и траен мир во следните 12 месеци“.

„Целосно повлекување на израелските безбедносни сили на окупираните територии…. во разумна временска рамка која не смее да го надмине крајот на 2017 година“, се наведува во нацрт-резолуцијата.

Ваквите барања се тешко прифатливи за САД, сојузниците на Израел и една од петте постојани членки на Советот за безбедност, која на резолуцијата може да стави вето.

Палестинскиот претседател при ОН, Ријад Мансур, изјави дека Палестинците се спремни да го изменат текстот и оти не им се брза нацрт-резолуцијата да биде ставена на гласање.

Европскиот парламент вчера даде начелна поддршка за признавање на палестинската држава, но не ги повика земјите-членки на ЕУ да го направат тоа, иако го побараа повеќе политички групи.

Претходно такви резолуции усвоија парламентите на Франција, Ирска, Велика Британија и на Шпанија.