Свет Пакистан тестираше ракетен систем

Пакистан тестираше ракетен систем

Пакистан успешно тестирал балистичка ракета со среден дострел, која може да носи нуклеарна боева глава, соопшти пакистанската војска.

Балистичката ракета „гаури“ може да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави, а има домет од 1.300 километри.

„Целта на тестирањето на ракетниот систем „Гаури“ е да се испита неговата оперативна и техничка подготвеност“, се наведува во соопштението на војската.
Официјален Исламабад пред еден месец изведе тестирање на нуклеарна ракета земја-земја „шахон три“, која има домет до 2.750 километри.

Пакистан и соседна Индија, кои трипати војуваат откако станаа независни од Велика Британија во 1947 година, рутински изведуваат тестирања на ракетни системи откако во 1998 година двете земји ги покажаа своите нуклеарни вооружувања.