Свет Пакистан: 35 загинати при експлозија во џамија

Пакистан: 35 загинати при експлозија во џамија

Најмалку 35 лица загинаа, а 50 се повредени откако бомба експлодира во шиитска џамија во јужната пакистанска област Шикарпур.

Како што соопшти полицијата, експлозијата усмртила 31 лице, додека останатите четири им подлегнале на раните на пат кон болница. Сепак, полицијата наведува дека бројот на загинатите може да се зголеми, имајќи предвид дека станува збор за силна експлозија.

– Истрагата е во тек и засега не е се знае што ја предизвика експлозијата, ниту кој стои зад нападот – изјави претставник на полицијата во Шикарпур.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но полицијата се сомнева дека зад него стојат сунитските бунтовници.