Свет Пакистан: 11 мртви во бомбашки напад

Пакистан: 11 мртви во бомбашки напад

Најмалку 11 лица загинаа денеска во експлозија на бомба на северозападот на Пакистан, соопштија локалните власти.

Во нападот се повредени 17 лица. Меѓу жртвите има и припадници на полицијата, цивили и едно дете.

Бомбата експлодирала во близина на полициски пункт во околината на Пешавар, на пат кој води кон соседен Авганистан.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но се претпоставува дека експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец.