Свет Падна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, загинаа две лица

Падна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, загинаа две лица

Се урна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа пилотот и копилотот, соопштија официјални воени лица. Причината за падот и типот на хеликоптерот сè уште не се познати.

– Несреќата се случила за време на рутински лет над меѓународните води – се наведува во соопштението на војската на ОАЕ.

ОАЕ, една од најдобро воено опремени земји, е дел од меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија која се бори против шиитските бунтовници и нивните сојузници во Јемен.

Властите во Абу Даби исто така се приклучени во меѓународната коалиција предводена од САД која се бори против Исламска држава во Сирија и во Ирак.