Македонија Оздравени се 5 лица, потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19, вкупната...

Оздравени се 5 лица, потврдени се 10 нови случаи на Ковид-19, вкупната бројка на активни е 377

Фото: Арбнора Мехмети

Денеска се потврдени 10 нови случаи на корона вирус, оздравени има 5 пациенти, починато е 1 лице, а вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1.674, соопшти
Министерството за здравство. Според Институтот за јавно здравје регистрираните 5 оздравени пациенти се во Скопје 3 и во Неготино 2.

Вкупната бројка на оздравени е 1.205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран од 29 април. Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а новите 10 случаи на Ковид-19 се: во Скопје 6, Куманово 2, Прилеп 1 и во Велес 1.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани има 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент. Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се 2. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6, а 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.