Главна секција Оздравени се 16 пациенти, има нови 22 случаи на Ковид-19, бројот на...

Оздравени се 16 пациенти, има нови 22 случаи на Ковид-19, бројот на активни е 397

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во: Скопје 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1 и во Кратово 1. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г.), хоспитализирана како сомнителна на Ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај. Во изминатите 24 часа се направени 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на корона вирус во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 4, Тетово 6, Велес 1 и Охрид 1 случај.
Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани, од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.
Од направените 462 теста во изминатото деноноќие, 171 тест се во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ се тестирани 80 лица од Битола, а преку МАНУ, 91 лице од Скопје и сите се негативни.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација има 2 пациента.Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациента. Во болницата во Штип има вкупно 4 пациенти и нема болни кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.