Свет Балкан Отворени 1.845 случаи за навреда на Ердоган

Отворени 1.845 случаи за навреда на Ердоган

Откако Реџеп Таип Ердоган е дојден на власт, во 2014 година, отворени се 1.845 случаи против лица обвинети за навреда на турскиот претседател, изјави висок владин функционер. Познат турски новинар, пак, во средата го опиша своето неодамнешно ослободување од затвор како „пораз за претседателот“.

Ердоган го критикуваат дека агресивно го користи претходно ретко ползуваниот закон со кој се забранува навредување на претседателот, како начин да ги придуши критиките.

Дел од тие што биле на судење се познати личности, новинари, па дури и ученици.

Критичарите велат дека Ердоган, кому се припишува зголемување на авторитаризмот, за навреди ги смета и острите критики.

Одговарајќи на прашања во парламентот во вторникот, министерот за правда, Бекир Боздаг, рече дека неговото министерство дозволило да се процесуираат 1.845 случаи врз основа на обвиненијата за навреда на Ердоган.