Македонија Отворена телефонска линија за контакт на граѓаните со министерот Таравари

Отворена телефонска линија за контакт на граѓаните со министерот Таравари

Министерството за здравство воведе телефонска линија за директна комуникација на граѓаните со министерот за здравство, Арбен Таравари, преку мобилните апликации „вибер“ и „вацап“.

Од министерството информираат дека почнувајќи од денеска, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот со каква било идеја, со предлог, со пофалба или, пак, за пријавување одредени неправилности, обиди за корупција и нерегуларности со кои се соочиле во функционирањето на здравствениот систем.

– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство – изјави министерот Таравари.

Комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку „вибер“ и „вацап“, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.