Свет Отстранети сите дополнителни безбедносни мерки во Ерусалим

Отстранети сите дополнителни безбедносни мерки во Ерусалим

Израелската полиција соопшти дека се отстранети сите неодамна воведени безбедносни мерки на влезот на светото место во Стариот град во Ерусалим.

– Полицијата ги врати безбедносните мерки на нивото на кое беа пред нападите на Харам ел-шариф, извршен на 14 јули – соопшти портпаролката на израелската полиција, Луба Самри.

Израелската влада пред три дена одлучи да ги отстрани детекторите за метал кои се поставени на влезот на светото место во Стариот град во Ерусалим.

Израелскиот кабинет за безбедност ги прифати препораките на сите органи за безбедност да се смени проверката со помош на детектори за метал со напредни технологии и други средства, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел постави детектори за метал по нападот од 14 јули, во кој беа убиени двајца полицајци. Ваквата одлука на официјален Тел Авив ги разбесни Палестинците.