Македонија Отпуштени уште 2.800 судии и обвинители во Турција

Отпуштени уште 2.800 судии и обвинители во Турција

Турските власти им доделија откази на повеќе од 2.800 судии и обвинители поради поврзаност со неуспешниот државен удар.

Според податоците на „Си-ен-ен Турк“, досега вкупно 80.000 вработени во јавните служби, управите, полицијата и во судовите се отпуштени под обвинение дека се следбеници на Фетулах Ѓулен.

Владата во Анкара објави дека следбениците на Ѓулен со години се „вовлекуваат во структурите за да ја преземат власта во Турција“.

Свештеникот, кој од 1999 година живее во егзил во сојузната американска држава Пенсилванија, ги отфрла обвиненијата дека стои зад неуспешниот воен пуч, извршен на 15 јули.