Технологија Наука Откриени две нови простории во гробницата на фараонот Тутанкамон

Откриени две нови простории во гробницата на фараонот Тутанкамон

Kралицата Нефертити можно е да е погребана во една од двете новооткринеи простории во гробницата на фараонот Тутанкамон, смета британскиот археолог Николас Ривс, пренесува „Би-Би-Си“.

Според Ривс, скeнарањата извршени со специјален радар, за чија употреба британскиот археолог добил дозвола од египетските власти, откриле две дополнителни простории, сокриени во ѕидовите на гробницата.

Инаку, Ривс се обидува да ја докаже својата теорија дека сè уште неоткриените посмртни останки на кралицата Нефертити, која владеела во 14 век пред новата ера, се наоѓаат во една од тие простории. Тој верува дека телото на Тутанкамон, кој умрел пред 3.000 години, на возраст од 19 години, било сместено во дел од гробницата оригинално направена за Нефертити.

Посмртните останки на Тутанкамон, за кој се смета дека е син на Нефертити, беа откриени во 1922 година.