Здравје Откриени 294 нови случаи на ковид-19, пријавени се шест починати лица

Откриени 294 нови случаи на ковид-19, пријавени се шест починати лица

Фото: Gruppe 2 ap0813, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во изминативе 24 часа во земјава се направени 2.430 тестови, а откриени се 294 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Поделено по Центри за јавно здравје, најмногу од новите случаи отпаѓаат на Скопје, односно 149. На второ место е Битола, со 36 нови случаи.

Од вкупниот број новооткриени позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 235 оздравени пациенти, како и два смртни случаи – по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Дополнително, согласно Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени биле уште 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година, а од нив едно лице починало в болница, другите тројца во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјава се направени вкупно 1.960.264 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на потврдени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 305.717, бројот на оздравени пациенти е 294.662, на починати е 9.220, а бројот на активни случаи изнесува 1.835.