Свет Свет Откриен сомнителен ранец во кварт во Брисел, истрагата е во тек

Откриен сомнителен ранец во кварт во Брисел, истрагата е во тек

Четири дена по повеќекратниот напад во Брисел, во квартот Укл денеска е пронајден сомнителен ранец на улица, поради што тој дел од квартот е затворен за сообраќај, јавуваат белгиските медиуми.

Полициските служби за деминирање ја испитуваат торбата, а станарите од околните згради превентивно се евакуирани.

Сомнителната торба оставена пред една парфимерија ја забележало лице кое излегувало од соседното кафуле и веднаш ја пријавило во полиција.

Белгија го зголеми нивото на тревога после терористичките напади на аеродромот и метро-станицата во Брисел, во кои загинаа 31 лице, а 270 се повредени.