Економија Откажани неколку летови, маглата го отежнува сообраќајот

Откажани неколку летови, маглата го отежнува сообраќајот

Авионските летови кон Виена, Загреб и кон Истанбул утринава се откажани, пишува на официјалната веб-страница на „ТАВ аеродроми“. Според информативната табла за закажани летови, ситуацијата со откажани и со одложени летови постојано се менува.

Причина за откажувањето на летовите е маглата, а секоја од авиокомпаниите самостојно одлучува дали нивниот авион ќе полета во услови на намалена видливост.

Маглата го отежна и сообраќајот на државните патишта, па според информациите на Автомото-сојузот на Македонија, видливоста е намалена до 50 метри на патните правци Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани и во Демир Капија.