Свет Балкан Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

Отфрлено барањето за гласање недоверба на бугарската влада

Бугарскиот парламент денеска го отфрли барањето на опозицијата за гласање недоверба на владата на премиерот Бојко Борисов.

Барањето на опозицијата е отфрлено со 130 гласа. 80 пратеници гласале „за“, додека пет биле воздржани.

Коалициската влада на Борисов, која е на власт од ноември 2014 година, нема апсолутно мнозинство, но има поддршка од две помали партии.

Опозицијата ја обвини владата дека не спровела реформи во здравствениот систем, како и дека презела чекори што би довеле до затворање болници.