Хроника Осумнаесетгодишно момче се удави во река во Струмичко

Осумнаесетгодишно момче се удави во река во Струмичко

Осумнаесетгодишно момче вчера попладне се удавило во реката Турија, во атарот на струмичкото село Доброшинци, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, Димитар В. (18), вчера, околу 16 часот, заедно со уште три лица, отишол да се бања кај местото Барата. По извесно време тој потонал во водата.

Веднаш по пријавувањето на случајот, на местото пристигнале јавен обвинител, екипи на СВР Струмица и тим на струмичката територијална противпожарна единица, кои извршиле пребарување во водата и околу 21.50 часот го пронашле и го извадиле безживотното тело на момчето.