Хроника Осумнаесет повредени мигранти во сообраќајка кај месноста Венуле

Осумнаесет повредени мигранти во сообраќајка кај месноста Венуле

Осумнаесет илегални мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа околу полноќ се случила на патот Градско – Велес, кај месноста Венуле.

Мигрантите, кои биле превезувани во патничко комби, се хоспитализирани во Велес, а двајца од нив се со тешки телесни повреди.

Полицијата го испитува возачот на патничкото комби.