Македонија Осумдневен притвор за анестезиологот од Тетово што снимаше пациенти

Осумдневен притвор за анестезиологот од Тетово што снимаше пациенти

Tетовската полиција го лиши од слобода анестезиологот откако претходно во СВР Тетово случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата

Објект на итната медицинска помош во Тетово; Фото: Порталб.мк/Фисник Џелили

На предлог на обвинителството, Основниот суд-Тетово му определи осумдневен притвор на 43-годишниот анестезиолог од тетовската болница што на ТикТок објави снимки од пациенти.

До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство во Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

Инаку, тетовската полиција го лиши од слобода анестезиологот откако претходно во СВР Тетово случајот го пријавил 49-годишниот директор на болницата.

Mинистерот за здравство Фатмир Меџити вчера заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, Плумб Вела соопштија дека е суспендиран анестезиологот од тетовската болница.

Постапката на анестезиологот претходно ја осуди и Лекарската комора.