Свет Осум загинати во самоубиствен напад во Јемен

Осум загинати во самоубиствен напад во Јемен

Најмалку осум јеменски војници загинаа, а 10 се повредени во самоубиствен напад во јеменскиот град Зинџибар, соопштија локалните власти.

Нападот бил изведен од бомбаш самоубец облечен во униформа. Тој го активирал автомобилот бомба пред влезот на воениот камп.

Се претпоставува дека напаѓачот е член на Ал каеда.