Свет Свет Осум загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Осум загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени во пожар што зафати дом за стари лица во градот Куарте де Уерва во Сарагоса, на североистокот на Шпанија, соопштија локалните власти.

Како што јавуваат шпанските медиуми, двајца од повредените се со потешки повреди.

Пожарот избил синоќа, околу еден часот, и полицијата сè уште се обидува да утврди која е причината. Меѓу повредените е и еден вработен од домот за стари лица.