Хроника Осум лица нападнале и ограбиле скопјанец

Осум лица нападнале и ограбиле скопјанец

Триесет и едногодишниот скопјанец Ј.Ф. доцна синоќа бил физички нападнат од осум лица на улицата Дебарца.

Без повод и причина, тие му се нафрлиле и удирајќи го во пределот на главата и по телото, му го одзеле лап-топот што го носел во рака, по што избегале.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил околу еден часот по полноќ.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.