Свет Свет Осум Индијки починаа при масовна стерилизација

Осум Индијки починаа при масовна стерилизација

Камп за стерилизација во Индија

Осум жени починаа, а десет се во критична состојба во индиската држава Чатисгар, по спроведувањето на државната програма за масовна стерилизација.

Повеќето од 80 жени кои подлегнале на стерилизација во владиниот камп во областа Биласпур, набргу почнале да повраќаат, да им опаѓа пулсот и да имаат други компликации по интервенцијата, јавуваат светските агенции.

Властите ќе спроведат истрага за причината за смртта на жените, соопшти локалниот полициски комесар.
Стерилизацијата ја вршеле еден лекар и негов помошник.

Локалните власти во Индија, за да го одржат под контрола преголемиот наталитет, често нудат разни привилегии, како што се автомобили или електрични уреди, на двојки кои доброволно ќе се стерилизираат.