Хроника Осуденик се обидел да се самоубие во затворот „Идризово“

Осуденик се обидел да се самоубие во затворот „Идризово“

Вчера попладне, затвореник во скопскиот затвор „Идризово“ се обидел да си го одземе животот, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според МВР, осуденикот М.С. се обидел да се самоубие со бесење и со пиење поголемо количество медикаменти.

Веднаш штом бил забележан, тој бил префрлен во ургентниот центар на Клиниката за токсикологија, каде, како што информираат од полицијата, е задржан на лекување и е надвор од животна опасност.