Свет Оставка во правниот тим на Трамп

Оставка во правниот тим на Трамп

Портпаролот на правниот тим на американскиот претседател Доналд Трамп, Марк Карло, поднесе оставка на должноста.

Во соопштението, Карло не открива детали за своето заминување, пренесуваат светските агенции, наведувајќи дека неговата одлука следела по медиумските информации дека правниот тим на Трамп ќе биде реорганизиран.

Правниот тим на американскиот претседател ја испитува можноста за судир на интереси меѓу членовите на истражниот тим на специјалниот советник Роберт Милер, кој се занимава со истрагата за наводното мешање на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД.