Економија Основачот на „Зара“, Амансио Ортега, е најбогатиот човек во светот

Основачот на „Зара“, Амансио Ортега, е најбогатиот човек во светот

Основачот на модниот бренд „Зара“, Амансио Ортега, е прогласен за најбогат човек во светот од страна на магазинот „Форбс“.

Неговите акции во компанијата „Индитекс“, во чијашто сопственост се наоѓа „Зара“, бележат пораст на вредноста за 2,5 проценти и тоа го зголеми богатството на Ортега на 79,5 милијарди долари, пишува „Форбс“.

По Ортега, втор најбогат човек е основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чиешто богатство се проценува на 78,5 милијарди долари.