Дописници Осмомартовски марш на СДСМ во Тетово

Осмомартовски марш на СДСМ во Тетово

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија в недела во Тетово организира марш по повод меѓународнот ден на жената, кој ќе почне во 12 часот пред седиштето на партијата во градот.

На маршот ќе се обратат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик-претседателката, Радмила Шекеринска, и координаторката на форумот на жени, Цветанка Ласкова.

Како што е најавено, лидерот на СДСМ во дел од својот говор ќе зборува и за проектот на неговата партија насловен „Вистината за Македонија“.