Спорт Осминафинале на „Ролан Гарос“

Осминафинале на „Ролан Гарос“

На Отвореното првенство на Франција во тенис денеска на програмата се мечевите од осминафиналето.

Двојките кај мажите се: Чилиќ – Мајер, Мареј – Киргиос, Ѓоковиќ – Кокинакис, Гофин – Шарди, Сок – Ќориќ, Болели – Ферер, Гаске – Андерсон и Кузњецов – Надал.

За место во четвртфиналето кај тенисерките ќе се борат: Квитова – Бегу, Миту – Скиавоне, Петковиќ – Ерани, Башински – Кејс, Фалкони – Гергес, Ван Јутвенк – Младеновиќ, Пиронкова – Стивенс и Серена Вилијамс – Азаренка.