Македонија Османи утре во посета на Косово, средби со Тачи и Хоџај

Османи утре во посета на Косово, средби со Тачи и Хоџај

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Осамни ќе има средби со претседателот на Косовo, Хашим Тачи, како и со потпретседателот на Владата на Косовo, Енвер Хоџај.

На средбите ќе бидат отворени прашањата за напредокот во меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово, очекувањата од претстојните Самити на Европската Унија, и воопшто, европските перспективи на земјите од Западниот Балкан.