Македонија Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со...

Османи: Целта не е планот „3-6-9“ да продолжи со „12“, туку со почеток на преговори со ЕУ

Целта на планот „3-6-9“ не е по неговата имплементација, тој да продолжи во нов дел „12“, туку со одлука за почнување преговори, порачал вицепремиерот Бујар Османи на заедничката средба со министрите Оливер Спасовски, Биљен Салији и Дамјан Манчевски со еврокомесарот Јоханес Хан.

Како што соопштија од кабинетот на Османи, вицепремиерот го запознал Хан со деловите „6“ и „9“.

На средбата посебно се разговарало за областите за кои се констатирало дека има итна потреба од реформи, како што се безбедносните служби, правосудството, како и реформата на јавната администрација.