Свет Европа Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во...

Османи, по Бон, стави во функција дополнителен пункт за пасоши и во Берн

Од Швајцарија, Османи продолжува за Венеција

Извор на фотографија: МНР

Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.

Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица, се става во функција и дополнителна мобилна станица.

„Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.

Од Швајцарија, Османи продолжува за Венеција.