Македонија Османи: Груевски и Заев се среќаваат, го охрабруваме тоа за да се...

Османи: Груевски и Заев се среќаваат, го охрабруваме тоа за да се формира Владата

Имаме информации дека Заев и Груевски имале средба и ние тоа го охрабруваме за да се најде решение да се деблокира Собранието и да се формира Владата, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи вечерва за „Мета“.

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, пак, го негираше тоа.

– Не знам што би имале сега ние да разговараме со нив. Не знам на што се темелат настапите од ДУИ во овие два дена, но нема такво нешто. И заменик-претседателката Шекеринска вчера го негираше тоа – рече Шилегов.