Македонија Османи го „врати во игра“ пописот, очекува да се спроведе по завршување...

Османи го „врати во игра“ пописот, очекува да се спроведе по завршување на изборите

Во буџетот нема предвидено пари за попис

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција го врати пописот „во игра“ од страна на политичките партии, но по завршување на изборите.

– Добро е да биде постигнат целосен консензус за Законот за попис и да се пристапи кон негова подготовка веднаш по изборите – рече Османи.

Вицепремиерот Османи потсети на причините поради кои пропаднал пописот во 2012 година.

– Обидот за попис пропадна во 2012 година поради начинот на читање на законот од двете етнички заедници. Консензус се постигна, но не и вкупен политички консензус во Собрание за усвојување на Законот. Мислам дека ова решение што е донесено на Влада е добро и треба да се спроведе, меѓутоа би било добро сите да бидат вклучени во пописот. По изборите, би требало да почнеме со подготовки за негово организирање – рече Османи.

Пописот во нашата земја, кој не е направен од 2002 година, требаше да се спроведе во април годинава, но се одложи поради одржувањето на предвремените парламентарни избори.