Економија Османи: Државата ќе обезбеди поддршка на бизнисот за усогласување со ЕУ-стандардите

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка на бизнисот за усогласување со ЕУ-стандардите

Отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата согласно европските правила и стандарди.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на средба со стопанственици од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

– Дополнително, пазарите се отворат двонасочно со што нашиот пазар станува поконкурентен, нешто на што нашите бизниси мора да се адаптираат, и за што секако, во периодот што следува, ќе ја имаат и поддршката од страна на државата, особено преку интервенциите со средствата од ИПА фондовите, чија намена е токму адаптација со европските стандарди и правила- додаде Османи.