Култура „Орбитс травел“: Македонија е вистински микс на култури и на религии

„Орбитс травел“: Македонија е вистински микс на култури и на религии

Балканскиот туризам во Македонија почнува да зема голем удел во Европа, оцени „Орбитс травел“, додавајќи дека нашата земја е вистински микс на култури и на религии, поради остатоците од окупациите во минатото.

„Орбитс травел“ ги препорачуваат Чаршијата во Скопје, свадбата во Галичник и неколкудневен одмор во Охрид или Струга.

Овој американскиот портал за бизнис и за туристички патувања, со Охрид и со Струга, како и со Скопје и со традицијата на организирање Галичка свадба, ја сместува Македонија во листа на земји што биле малку посетувани, поради недоволната информираност на светските патници, туристи и авантуристи.

На оваа листа се, исто така, земјите како Исланд, Лихтенштајн, Босна и Херцеговина, Белорусија.