Македонија Орбан: Со Македонија во ЕУ и во НАТО, ќе се пополни дупката...

Орбан: Со Македонија во ЕУ и во НАТО, ќе се пополни дупката на Балканот

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска во Будимпешта изјави дека Унгарија ќе ја поддржи Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, со што, како што рече, ќе се пополни празнината на Балканот.

Орбан, по средбата со македонскиот премиер, Никола Груевски, која во Македонија не беше најавена, изјави дека во интерес на Унгарија е секоја земја од Балканот, од Грција до неговата земја, да биде дел од ЕУ и од НАТО.

Унгарскиот премиер рече дека Унгарија се залага за „единствена економска и безбедносна зона и оти во моментов постои празнина меѓу Унгарија и Грција“.

Груевски рече дека земјата неколку години чека за влез во ЕУ и оти е целосно подготвена за интеграцијата.